fbpx

Сензационализам за Боки 13 и за „Рекет“ во белградски „Блиц“

-

Српскиот дневен весник „Блиц“ на 24 јануари 2020 година на својот портал објави напис за актуелното судење на Бојан Јовановски (Боки 13) во скандалот „Рекет“, чиј наслов гласи „БОКИ 13 ИЗМОРЕН И ОТЕЧЕН – Главниот актер на АФЕРАТА РЕКЕТ е издеформиран, тврди дека е болен и дека 55 пати одел во болница, одбива понатамошни испитувања“.

И покрај сензационалистичкиот наслов, написот во суштина говори за здравствената состојба на Боки 13 и за отежнатото добивање на здравствени услуги за кое тој тврди дека е резултат на повеќемесечниот притвор во кој се наоѓа уште од 15 јули минатата година, пишува „Вистиномер.мк“.

Написот не би предизвикал поголемо внимание, доколку на крајот не се поместени два пасуси, кои содржат изјава за весникот од анонимен извор.

„Боки 13 веќе неколку месеци ја држи телевизијата „1ТВ“, а вработи син на еден истакнат службеник во министерството за правда преку кој и тој и неговите соработници доаѓаа до голем број аудио снимки од тајни разговори на бизнисмени, банкари и познати личности од Македонија. Боки наводно ги користел тие снимки да уценува влијателни луѓе од кои барал и по неколку стотици илјади евра за да не објавува снимки на Јутјуб. Некои му плаќаа, а има и такви чии аудио снимки се објавени на ЈуТјуб зашто, наводно, одбиле да му дадат пари,“ се вели во изјавата за весникот од анонимен извор.

Ова се фрапантни тврдења, кои содржат сериозни обвинувања кон Боки 13. И како такви изискуваат и сериозни докази. Се разбира, никакви докази во оваа насока нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....