fbpx
Таг: сензационализам

таг: сензационализам

Како (не) треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери

Во случаите кога има јавен интерес да се известува за самоубиство, новинар(к)ите треба да ја искористат можноста за едукација на јавноста и за разбивање на митовите и предрасудите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во првиот дел – (Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиства? – ги покренавме и прашањата „Дали треба да се известува за...

Вистиномер: Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се предвидува стимулација од 200 илјади куни или околу 26 илјади евра за повратниците од ЕУ....

Возачот во сообраќајката на „Рузвелтова“ не бил пијан, туку му се слошило

Информацијата пласирана во дел од медиумите, а потоа и споделена со линк на Фејсбук, во која се тврди дека возачот во сообраќајката на улицата „Рузвелтова“ бил пијан, е погрешна. Подоцна се покажа дека нему му се слошило и со автомобилот удрил првин во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата. По сообраќајната несреќа, тој со...

Сензационализам за Боки 13 и за „Рекет“ во белградски „Блиц“

Српскиот дневен весник „Блиц“ на 24 јануари 2020 година на својот портал објави напис за актуелното судење на Бојан Јовановски (Боки 13) во скандалот „Рекет“, чиј наслов гласи „БОКИ 13 ИЗМОРЕН И ОТЕЧЕН – Главниот актер на АФЕРАТА РЕКЕТ е издеформиран, тврди дека е болен и дека 55 пати одел во болница, одбива понатамошни испитувања“. И покрај сензационалистичкиот наслов, написот во суштина...

Сообраќајната несреќа кај Демир Капија е информативна несреќа во известувањето

Почината скопјанка, починат маж, дете без повреди, дете во критична состојба, повредени три лица, сообраќајка помеѓу возило и автобус, сообраќајка меѓу две возила и автобус… Ова се варијациите на ист настан, за кој речиси сите медиуми, а особено портали, во трката за ексклузивна и првообјавена информација, потфрлија да известат точно, јасно, прецизно и, што е најважно, проверено од релевантни институции,...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...