Седум пожари од артилериското гаѓање на Криволак го загадија Штип со ПМ10 честички

-

Веќе два дена Штип во раните вечерни часови почнува да се покрива со чад, за неколку часа подоцна, особено стариот дел кај Ново Село и центарот сосема да станат обвиткани во сивило.

Два дена никој не информираше за што станува збор. Од каде даоѓа чадот? Немаше информација од ниту една институција дали се работи за опасно загадување и кои мерки кои треба да ги преземат граѓаните.

Единствената информација дојде по барање на новинарите од Територијалната противпожарна единица во Штип, од каде соопштија дека нема пожар, ниту гори градската депонијата.

Денеска конечно се потврдија претпоставките дека чадот доаѓа од полигонот Криволак, каде веќе неколку дена се изведува мултинационалната вежба „Одлучен удар“. Од АРМ потврдија дека се работи за пожар на трева и нискостеблеста шума, во чие гаснење интервенирале и авионите.

– Од артилериското гаѓање на воената вежба во Криволак, вчера имаше седум помали пожари, од кои четири се сосема изгаснати, додека три се локализирани. Од тие има еден кој е на површина од 500 метри – изјави Тони Јаневски, портпарол на АРМ.

Поради предвидениот интензитет на вежбата, според Јаневски, АРМ уште пред почетокот ги ангажирала Институот за јавно здравје и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги работат мерењата на водата, воздухот и почвата.

Професорот Дејан Мираковски, кој ги раководи мерењата, потврди дека се работи за чад со концентрација на ПМ10 честичките, кои ги има во прашината.

– Измерени се максимални вредности од 120 милиграми на метар кубен. Овие вредности се задржаа неколку часа, сè до полноќ, кога почнаа да се намалуваат – изјави Мираковски.

Воената вежба ќе трае уште шест дена, меѓутоа, од АРМ најавуваат дека активностите со боевото гаѓање завршуваат до петок. До тогаш веројатно Штип ќе живее со чадот од Криволак.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...