Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

-

Мешовитиот комитет на потписничките на ЦЕФТА, денеска ќе одржи седница со која ќе претседава министерот за економија, Беким Незири. Седницата се одржува во рамките на Неделата на ЦЕФТА 2014, која се одржува во Скопје.

На седницата ќе бидат финализирани активностите што се однесуваат на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година. Истовремено, ќе бидат усвоени и бројни одлуки за основање нови тела кои треба да работат на развивање адекватни мерки и цели за функционирање и за одржливост на договорот ЦЕФТА, кои ќе му помогнат на регионот да ги постигне целите од Стратегијата 2020, насочени кон конкурентност, продуктивност и кон економски пораст.

Нападите врз Либан продолжуваат, бројот на раселени лица се искачи на 500.000

Денес е третиот ден од интензивни воздушни напади од Израел врз Либан, пренесува Гардијан. Најмалку дваесетина луѓе биле убиени во вчерашните напади врз Либан, со што бројот на загинати оваа...