fbpx

Сè помалку доктори на науки

-

Опаѓа бројот на лица што стекнуваат звање доктор на науки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

„Во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица, што претставува намалување за 5,9 проценти во споредба со 2013 година“, стои во соопштението од ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 41,8 проценти; потоа на техничко-технолошките науки, 17,5 отсто; следат медицинските науки со 15,5 проценти, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки.

Од Заводот посочуваат дека поголем дел од лицата кои минатата година одбраниле докторска дисертација се жени, односно 51,5 проценти.

„Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 47,1 отсто, својата професија ја вршат во образовната дејност“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...