Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари, а бруто-износот бил 32.741 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во декември минатата година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104,2.
Ова се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности, каде има зголемување од 16,9 отсто, во градежништво од 11,5 отсто и во преработувачката индустрија од 8,8 отсто.
Во декември 2014 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.