fbpx

СДСМ: Основното јавно обвинителство потврди дека работи по нарачка

-

Основното јавно обвинителство Скопје денеска призна дека во претходна постапка утврдило дека не постои сомневање за кривично дело, за истиот измислен случај наменет за дискредитација на заменичката на претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, реагираат од СДСМ.

„Официјален документ од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година! Не постои основано сомневање дека било извршено кривично дело, јасно наведува Основното јавно обинителство на крајот на 2014 година, по целосни увиди на Управата за финансиска полиција. Зошто Основното јавно обвинителство цела година овој официјален документ го чувало во фиока? Зошто цела година не е испратено соопштение до јавноста за Обвинителството да ја запознае дека не постои основано сомневање дека било извршено кривично дело? Очигледно, свесно и намерно“, реагираат од СДСМ.

Од партијата велат дека преку лажни конструкции, партијата на власт сака да го оттргне вниманието на јавноста од скандалот дека целиот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување.

„Никола Груевски не може да избега. Јавноста очекува одговори каква е неговата улога во злостроничкото здружување“, пишува во соопштението на СДСМ.

документ-од-сдсм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...