fbpx

СДСМ: Груевски не е фактор, многу бргу ќе има нова влада!

-

„Никола Груевски мора да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на новата реформска влада според мнозинската волја на граѓаните. Мора да се помири дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, а тој повеќе од една година не е премиер. Груевски што и да направи, не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши“, порача СДСМ, по денешните изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој упати остри предупредувања до СДСМ.

„Груевски лаже каде ќе стигне, зборувајќи за наводни дестабилизации, федерализации, лажно претставувајќи се како премиер, затоа што е лажго. Но, тоа нема да ја смени реалноста. Постои демократски формирано мнозинство од 67 народни избраници. Постои само еден документ што ѝ е достапен на целата домашна и меѓународна јавност. Она што недостига е здрав разум кај Груевски и кај Иванов на што повика меѓународниот фактор. Криминалците во ВМРО-ДПМНЕ го немаат. Разумните во ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат здрав разум. Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смеaт да поттикнуваат насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за својот криминал“, порача СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...