fbpx

Саудиска Арабија: 74-годишен Британец осуден на камшикување

-

Семејството на еден британски пензионер го повика премиерот Дејвид Камерон да интервенира и да го спаси нивниот татко од смрт, која ќе биде предизвикана од казната од 350 удари со камшик во Саудиска Арабија.

Седумдесет и четиригодишниот Карл Анде треба да се соочи со драконска казна откако минатата година во неговиот автомобил било откриено шише домашно вино. Саудиска Арабија има строги закони кои забрануваат алкохол.

Семејството вели дека нивниот татко, кој 25 години работел како директор во нафтена компанија, има многу слабо здравје затоа што има рак, а казната за него би била кобна.

Британската амбасада во Саудиска Арабија секојдневно е во контакт со затворениот, како и со адвокатот на семејството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...