fbpx

Руте: Холандија има цел да го намали бројот на мигранти во Европа

-

Холандија, која на почетокот на годината го презеде претседателството со Европската унија, има цел следните месеци значително да го намали бројот на мигрантите што стигнуваат во ЕУ, изјави на прес-конференција холандскиот премиер Марк Руте.

Според него, бројот на мигрантите сега е огромен и е невозможно во иднина да се дозволи оваа бројка да остане на тоа ниво.

– Неопходни се дополнителни напори за зачувување на внатрешните граници. Треба да го намалиме значително бројот на лицата што доаѓаат, праведно да ја споделиме тежината, секоја држава во ЕУ треба да обезбеди соодветни услови за прием. Со сегашната бројка не можеме да продолжиме и понатаму – посочи Руте.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...