fbpx

Русија нека го запре бранот насилства, порача Туск

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска ја повика Русија да го искористи своето влијание кај проруските сили на истокот на Украина за да го запре сè поголемиот бран насилства.

– Новиот пораст на насилствата повторно нè потсети на предизвикот што го претставува руската агресија на истокот на Украина. Судирите мора веднаш да престанат. Прекинот на огнот мора да се почитува – рече Туск.

Советот за безбедност на ОН во вторникот повика итно да се врати почитувањето на прекинот на огнот во Украина, но оттаму и понатаму стигаат вести дека судирите не престануваат.

Советот за безбедност на ОН, по состанокот одржан зад затворени врати, усвои соопштение за Украина, на кое Русија не се спротивстави.

Членките изразиле „сериозна загриженост поради опасното влошување на ситуацијата на истокот на Украина и сериозното влијание на локалните жители“.

Ти го осудија „користењето оружјето долж линијата во регионот Донецк, што е забрането со договорот од Минск, а што резултираше со загинати и со повредени, меѓу кои има и цивили.

Во судирите, кои почнаа во 2014 година, досега загинале речиси 10.000 лица, од кои повеќе од половината се цивили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...