fbpx

Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

-

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава.

„На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи рокот за доставување на понуди до 16 декември имајќи предвид дека во рамките на првобитно назначениот период од 25 дена потенцијалните понудувачи не беа во можност да одговорат на барањата од проектната задача, како во поглед на презентирање на техничките специфики на предложената технологија за ремедијација, така и во поглед на изработка и доставување на соодветните планови поврзани со безбедното работење, митигација и справување со ризиците во текот на ремедијацијата, како и мониторингот на медиумите на животната средина“, информираат Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (ПОПс) при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во соопштението се додава дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен со обезбедување потребна документација и на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и со конечно започнување со чистењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата -...