fbpx

Ребалансот на буџетот опозицијата го оценува за нереален, расправата продолжува и денеска

-

Расправата по ребалансот на буџетот продолжува и денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Опозицијата, која поднесе 180 амандмани, ја критикува власта за економските политики и ребалансот го оцени како нереален.

Во расправата пратениците истакнаа дека нема да се оствари ниту намалената стапка на пораст на економијата од 2,8 проценти, а ги потенцираа и намалените капитални инвестиции за 100 милиони евра. Оттука, тие побараа оставка од министерот за финансии Драган Тевдовски кој го образложи ребалансот.

Пратениците од власта пак, за позитивно го оценија тоа што најголем дел од средствата ќе се реалоцираат кај општините, поради долговите кои, како што рекоа се наследени од претходната власт.

Со ребалансот на буџетот се предвидува ревидирање на проекцијата за раст на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,8 проценти, задржување на буџетскиот дефицит на 2,7 отсто и намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто.

Дополнителни средства се обезбедени и за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Најголема алокација во ребалансот, има за општините за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски.

Расправата во Комисијата треба да трае најмногу 10 работни дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...