Излегувањето на Secrets of the Obscure, најновата експанзија за Guild Wars 2, беше дочекано со разновидни реакции. Најбројни се оние играчи што велат дека експанзијата Secrets of the Obscure привлекла голем број нови љубители на играта.
Најпрво, погледнете го трејлерот за лансирањето на играта:
За Guild Wars 2 објавивме многу последователни написи, како и напис за најновата експанзија.
Во врска со реакциите, тоа што најмногу им пречи на ветераните-играчи е што е олеснето отклучувањето на единствениот змеј со којшто можете да летате – Скајскел. Пред експанзијата, ова беше задача за која требаше да се грајнда со месеци, а сега само треба да се следи листа на активности и објективи, кои може лесно да се завршат и од луѓе што првпат се среќаваат со играта. Ова е така затоа што Скајскел змејот игра огромна улога во новиот контент и, на некој начин, тој мора да се поседува за да „тече“ играта глатко бидејќи летањето е задолжително а грифинот не ја исполнува улогата во целост, бидејќи главно само глајда иако мајстори-играчи знаат тоа глајдање да го претворат во летање, преку континуирани залетувања.
Другата замерка од целата заедница -и почетници и ветерани – е што приказната во експанзијата е едноставно прекратка. Но, девелоперите ветија дека ќе ослободуваат нов контент континуирано, а сите тие „епизоди“ ќе се сметаат за дел од платената експанзија.
Демонот од крајот на трејлерот за лансирање на експанзијата (прикажан погоре) беше исмеван, бидејќи потсетува на негативецот Steppenwolf од познатиот “суперхеројски’ филм “Justice League” нa DC.