Расте интересот кај наставниците за Еразмус проектите

За Зорица Милкова, наставничка во ОУ „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци, сите обуки што досега ги посетувала, ги зголемуваат нејзините и компетенциите на нејзините колеги за учество во Еразмус проектите

-

Голем број наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот период ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас, а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат дел од Еразмус-семејството.

Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потенцираше дека и оваа година на Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата, пракса воведена од минатата година, а сето тоа силно ќе влијание во подобрувањето на образованието во нашата земја.

„Еразмус-деновите и оваа година ги започнавме со училиштата. Така ги унапредуваме знаењата и соработките помеѓу училиштата. Обуката и интерактивната училница „Градење на капацитети на училиштата“ соодветствуваат со програмата Еразмус и се со една цел – да ги направиме нашите училишта подобри. Еразмус програмата е најголемата образовна програма на Европската Унија и е симбол за соработка, размена на искуства и унапредување на образованието, обуката, младите и спортот“, вели Ѓорѓиевски.

За Зорица Милкова, наставничка во ОУ „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци, сите обуки што досега ги посетувала, ги зголемуваат нејзините и компетенциите на нејзините колеги за учество во Еразмус-проектите.

„На овие обуки ги зголемуваме нашите можности, способности, со колегите се вмреживме на некој начин, успеавме да дојдеме до нови идеи што ќе ни се корисни за новите Еразмус проекти. Топло препорачувам училиштата што не се дел од Еразмус, да се вклучат, затоа што хоризонтите дефинитивно многу се прошируваат, а за професионалниот развој, да не зборуваме“, вели Милкова.

Зорица Масникоса Поптрајкова, професорка во СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица ги поттикнува своите колеги што немаат искуство во однос на аплицирањето на вакви проекти, да се заинтересираат за обуките на Националната агенција, затоа што ќе учат од врвни обучувачи.

Периодот беше искористен и за промоција на еТвининг, дигитална платформа која преку искористување на можностите ги зајакнува капацитетите на градинките и на училиштата. Беа одржани обуки и за оваа важна платформа како и Еврогајденс и Европас платформата.

Сите новитети, случувања и повици Националната агенција за европски образовни програми и мобилност редовно ги објавува на социјалните мрежи и на веб-страницата.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...