fbpx

Протест пред МВР: Спасовски да обезбеди услови за изградба на крстот во Бутел

-

Неколку стотици граѓани денеска во 13 часот повторно се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да бараат од министерот Оливер Спасовски да распореди полицајци и да го обезбеди просторот кај кружниот тек во Општина Бутел за да може непречно да тече изградбата на крстот.

Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата.

На протестот се и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.

Во саботата викендов, околу илјада граѓани се одзваа на повикот на Светскиот македонски конгрес (СМК) и излегоа на протест пред зградата на МВР за да искажат револт против министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој, според СМК, дозволил лица предводени од ДУИ да ги запоседнат темелите на крстот во Бутел.

Минатата недела граѓани и активисти на ДУИ поставија шатори кај темелите на крстот во знак на протест против изградбата на крстот. Кампот тие го повлекоа ноќта меѓу петокот и саботата, откако неколку часа претходно ситуацијата во Бутел стана тензична, а група Македонци се обидоа да дојдат до местото, но беа спречени од полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...