fbpx

Пропагандист на Кремљ става знак на равенство меѓу ЕУ и нацистите на Хитлер

-

Српските портали „Информер“ и „Еспресо“ во целост го пренесуваат текстот на директорот на фондот „Руски свет“, Вјачеслав Никонов, во кој тој искажува ревизионистички поглед врз светската и европската историја во периодот од Втората светска војна.

Овие два таблоиди користат сензационалистички наслови за на своите читатели да им ги наметнат проблематичните и конечно, неточните толкувања на Никонов. Насловот во „Информер„, на пример, гласи: „СРБИЈО, Прст на чело! Во ЕУ нема ниту една земја која не припаѓала, или ѝ била потчинета на Хитлеровата коалиција! Бруталната вистина што сакаат ДА ЈА СОКРИЈАТ ПО СЕКОЈА ЦЕНА! (SRBIJIO, PRST NA ČELO! U EU NEMA NI JEDNE ZEMLJE KOJA NIJE PRIPADALA HITLEROVOJ KOALICIJI, ili joj bila potčinjena! Brutalna istina koju PO SVAKU CENU ŽELE SAKRITI!), пишува „Вистиномер.мк“.

Централните тези и аргументи на Никонов во ширењето на неговите ревизионистички погледи се вклучени во овој извадок:

Откако Велика Британија излезе од ЕУ во Унијата веќе нема ниедна земја која не припаѓала на нацистичката оска, која не била сојузник на фашистичка Германија или која Германците не ја окупирале. Зашто, дури и Франција беше поразена. И нејзините фабрики работеа за Германија. И, сега тие земји, кои беа заедно со Хитлер и кои нé напаѓаа, нѝ укажуваат кога било неопходно да се ослободи Аушвиц. Ни говорат за еднаква одговорност…

Никонов, 75 години по завршувањето на Втората светска војна, Европа ја гледа токму низ таквиот историски диоптер – брои кои држави биле дел од нацистичката оска и кои биле окупирани од Германците и ги става во ист кош.

Никонов оди дотаму што ги обвинува земјите окупирани од Хитлер како соработници на своите окупатори кои ја „напаѓаа“ Русија. Ова е бесмислено. Земја која е под окупација не може да се нарече дека е „сојузник“ на окупаторот или дека „припаѓа на оската“, односно на воениот сојуз/коалиција на која припаѓа и нејзиниот окупатор. А, токму тоа се истакнува кога се вели дека „Франција била поразена“ и се додава дека „нејзините фабрики работеле за Германија.“ Потоа се оди уште подалеку и се вели дека „тие земји“ (окупираните – н.з.), „беа заедно со Хитлер и (…) нѐ напаѓаа.“ Ваквата аргументација, најблаго речено, е груба симплификација и тоа груба до степен на невистинитост, пишува Вистиномер.мк.

Целиот текст може да се прочита тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...