Приведен маж од кичевското село Бачишта – пукал на свадба, повредил тројца

Тој на свадбена веселба во селото со пиштол марка „Смит и Вестон“ им нанел тешки телесни повреди на соселаните Е.Е. (33), М.Р. (57) и на една малолетничка

-

Министерството за внатрешни работи соопшти дека рано утрово, во 3:00 часот по полноќ, полицијата во Зајас го привела 46-годишниот Б.У. од кичевското село Бачишта кој бил вратен од привремена работа во Австрија.

Тој претходно вечерта на свадба во с. Бачишта пукал од пиштол марка „Смит и Вестон“ во сопственост на татко му, Р.У. (64) и ги повредил соселаните Е.Е. (33), М.Р. (57) и една малолетничка[iпи. Брзата помош ги пренела во болница каде и им биле констатирани тешки телесни повреди.

Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...