fbpx

Преспанци ги чекаат парите од Владата за обештетување од невремето

-

Преспанските овоштари чекаат абер од Владата кога ќе им ги исплати парите како обештетување од невремето кое во јули годинава уништи преку 3.000 хектари под овошни насади. Овоштарите со месеци немаат одговор кога ќе го добијат обештетувањето и колку пари ќе им бидат исплатени за секој хектар. Градот ова лето ги уништи овошните насади од 70 до 100 проценти, а најголем дел од нив нема да бидат плодородни ниту следната година, велат овоштарите. Најпогодени беа насадите од Перово до Крушје, каде градот беше со големина на орев.
Стевче Радевски, овоштар од Царев Двор, вели дека земјоделците едвај ги чекаат парите од Владата бидејќи штетите се големи и без помош не ќе можат да опстанат. Според него, приоритет во обештетувањето треба да имаат овоштарите на коишто производството на јаболка им е основна дејност.
– Се шират гласини дека Владата сега во ноември ќе ни ги исплати парите од невремето, други, пак, велат до крајот на годината. А, има и такви гласини дека парите ќе ги добиеме дури во мај следната година. Јас лично претрпив големи штети од 80 до 100 проценти на овошните насади. Колку за споредба, лани на пет хектари под јаболка произведов 220 тони овошје, а оваа година само 60 тони јаболка, и тоа две третини од нив се оштетени. Во пари, мојата загуба е околу 40.000 евра- вели Радевски.
Овоштарите од Преспа, оној мал дел што го имаа осигурано родот, веќе добија пари од осигурителните компаниии. Радевски вели дека невремето од јули годинава треба да биде поука за земјоделците да ги осигуруваат насадите, особено зашто 60 проценти од премииите што ги плаќаат земјоделците ги покрива државата.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...