fbpx

Преку соопштение на македонски и на ромски јазик Пендаровски го честита Меѓународниот ден на ромскиот јазик

Тој на припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија им порача дека Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ

-

Со соопштение на македонски и на ромски јазик, претседателот Стево Пендаровски, го честиташе 5 ноември – Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Тој на припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија им порача дека Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ.

„Тој претставува сведоштво за историјата на ромската заедница и придонесува во зачувувањето на нивната уникатна култура којашто со своите карактеристики ја збогатува севкупната културна ризница во нашата држава“, рече Пендаровски истакнувајќи го значењето на негувањето на ромскиот јазик како чувар на традицијата, фолклорот и културата.

„Прикажувајќи ја суштината на ромскиот начин на живот, нивните приказни и нивните вредности, ромскиот јазик претставува мост до разновидното наследство на ромската заедница“, рече Пендаровски.

Според него, унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...