Пожарот на Галичица ставен под контрола, но потребна е претпазливост

Ситуацијата е под контрола, но се очекува да се појават нови жаришта поради високите температури

-

Над 120 пожарникари учествувале на три фронта во периметар од десет километри во акции за гаснење на пожарите кои ја зафатија Галичица, информираше во видео изјава раководителот за противпожарна заштита во Националниот парк Галичица, Ѓуро Јовчески.

Јовчески истакна дека во гаснењето соработуваат Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб, Дирекцијата за заштита и спасување како и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во текот на вчерашната акција кај источниот фронт, осигуран е пожарот. Денеска имаме 100 пожарникари кои повторно работат на земја, од кои една третина се на тој фронт. Се обезбедуваат појасите, се осигуруваат претходните жаришта. Ситуацијата е под контрола, но будно се следи, бидејќи превентивно треба да сме претпазливи“, вели Јовчески.

Пожарот е на два километра од границата со Албанија и вчера биле забележани меѓународни авиони кои гаселе и од албанската страна на границата.

Стратегијата на пожарникарите била да се згаснат западниот и северниот фронт „на земја“, за да можат „ер тракторите“ и другите противпожарни летала да се фокусираат на покритичниот западен фронт.

Сепак, Јовчески потенцира дека будно се следи ситуацијата бидејќи можно е да се појават нови жаришта во текот на денот поради зголемувањето на температурите.

Дополнително, во последните 12 дена од гаснењето на Галичица се забележани околу стотина детонации на гранати од голем калибар, заостанати од Првата светска војна, што сериозно го отежнува гаснењето. Затоа, Јовчески истакна оти координаторите на акциите се внимателни да ги праќаат пензионираните и најискусните пожарникари, како и обучените војни лица, на предните линии на фронтот, додека на младите ентузијасти кои помагаат им се дадени други улоги.

Јовчески изрази благодарност до сите кои биле директно инволвирани во гаснењето, како и до донаторите кои помагаат во целиот процес. Воедно, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денес имаше средба со амбасадорката на Германија Н. Е. Петра Дрекслер за да изрази благодарност за германскиот тим кој дојде на помош во Македонија со два „ер трактори“.

Благодарници за германскиот тим кој помагаше во гаснењето на пожарите во земјава

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...