Пожарите беснеат, откако се обезбедија пилоти, во гаснењето се приклучуваат и трите ер трактори

Во изминативе 12 дена имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери. Само во последното деноноќие има 26 пожари на отворено, а од нив во моментов активни се пет

Фото: ЦУК

Три авиони за гаснење пожар, ер трактор, ќе полетаат утрово кон пожарот што беснее на планината Серта, а попладне ќе го гаснат и пожарот на планината Огражден во близина на границата со Бугарија. Центарот за управување со кризи денеска информира дека високите температури го земаат својот данок и во изминативе 12 дена имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери. Само во последното деноноќие има 26 пожари на отворено, а од нив во моментов активни се пет.

На протипожарните екипи во моментов им помагаат и хеликоптер од Министерстовто за внатрешни работи, на кој му се приклучи и армиски хеликоптер. Во меѓувреме, по завчерашната одлука на Владата за итно ангажирање на пеизионирани пилоти,  се активираа и два авиони за гаснење на поќари ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Подрршката на ер тракторите на храбрите пожарникари вчера беше драгоцена за да се изгаснат опасните краци од активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери. Генерално, според итните ситуации, ангажираните противпожарни сили, вработени од јавни претпријатија, а и од здруженија и мештани, имаа делумна контрола врз големите пожари на отворено, а човечки животи не беа загрозени“, информираат од ЦУК.

Во моментов активни се пет пожари во општините Неготино, во атарот на селото Калањево, каде што гори ниска вегетација и шума, потоа во Ново Село над селото Бадилен, кај месноста „Шамок“ каде горри борова шума, во Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец каде гори мешовита шума, во Долнени, над селото Црнилиште гори нискостеблеста вегетација и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, каде што гори ниска вегетација и грмушки.

Од ЦУК информираат дека веќе се дејствува на активните пожари, како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хеликоптер веќе го гасне пожарот на планината Серта, а се очекуваат и полицискиот хеликоптер и двата авиони на ДЗС.