fbpx

Повторното играње фудбал во канцеларија е мајтапење на Груби со јавноста на која ѝ се извинуваше

Не се гледа дали и Груби подавал или шутирал, но пораката кон јавноста е очигледна и е поврзана со неодамнешниот настан што речиси сите медиуми и огромен дел од јавноста го оценија како скандал

-

Само една недела по иритацијата врз голем дел од јавноста со играњето фудбал и баскет во канцеларијата на Артан Груби во која учествуваа уште пет колеги министри од ДУИ наречени „дрим тим“, вицепремиерот Груби повторно објави фотографија на својот официјален профил како игра фудбал со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос. Со тоа Груби, де факто се мајтапи со барем дел од јавноста која изрази силни критики на таквата постапка и изрази недоследност дури и кон сопственото извинување кон истата таа јавност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Артан Груби објави став преку фотографија на својот ФБ официјален профил што може да се оцени како недоследен:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[Извор: ФБ официјален профил на А Груби, датум 16.03.2023]

 

Образложение:

Првиот заменик претседател на Владата на РСМ со ставот изразен преку фотографија од својот ФБ профил изрази недоследен став кон самиот себе си и кон јавноста во однос на извинувањето  што го даде пред повеќе од една недела.

Груби комуницираше со јавноста преку објава од својот службен профил дека имал работна средба со Александар Сорос, претседател на  Фондацијата Отворено општество и син на бизнисменот Џорџ Сорос кој е основач на Фондацијата.

Во објавата пишува:

Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата “Отворено општество“, г-дин Александар Сорос.

Се разбира, во самиот текст нема ништо спорно, со оглед на развиените врски на сите нивоа меѓу Фондацијата Сорос и С. Македонија и со оглед на нејзиното речиси тридецениско дејствување во земјата.

Но, она што е спорно е ставот изразен преку една фотографија (зашто ставот освен во пишана или изречена форма се изразува и преку фотографии или друг вид на визуелна форма). Па така, во неколкуте фотографии што се објавени во постот има и фотографија како гостинот игра фудбал во канцеларијата на Груби.

Не се гледа дали и Груби подавал или шутирал, но пораката кон јавноста е очигледна и е поврзана со неодамнешниот настан што речиси сите медиуми и огромен дел од јавноста го оценија како скандал, кога исто така беа објавени фотографии во пост на Груби со текст дека „Го добиле натпреварот“ (We got game), за потоа, истата вечер на тв емисија да објаснува дека не гледа ништо спорно и дека намерата била да испратат порака: Пораката од играњето беше дека сме одличен тим, многу сложни заедно, дека сме млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнавме со работа…

„Вистиномер“ уште веднаш ја анализираше целата состојба преку текст во рубриката Контраспин, појаснувајќи зошто кажаното и направеното од Груби се спинови и во што е суштината на анимозитетот што го предизвика кај голем дел од јавноста.

По ова, на прес конференција во Владата, Груби се извини на истата таа јавност со зборовите:

„Ако толку длабоко задира во вашите чувства, ако толку задира во чувствата на кој било што е трогнат од таа слика, навистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал или баскет“, рече Груби.

Со најновата објава на која се гледа дека гостинот на Груби шутира во голчето поставено во неговата канцеларија, вицепремиерот изразува став во кој, де факто, се мајтапи со јавноста што смета дека таквото однесување на Груби е непримерно. Но истовремено, тој со тоа изразува недоследност кон сопственото извинување што јавно го упати кон јавноста. Токму затоа овој став на Груби изразен преку фотографијата во која повторно се игра фудбал во канцеларија го сметаме за недоследен.

Извори:

Оценил Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Коалицијата ВЛЕН им зеде еден пратеник на ДУИ [инфографик]

Првичните неофицијални резултати од денешното прегласување на парламентарните избори на седум изборни места покажуваат дека ДУИ изгуби еден пратенички мандат, а коалицијата ВЛЕН (Вреди), доби еден пратеник плус во...