Во експлозии на полуостровот Крим уништени руски ракети

Украинското Министерство за одбрана тврди дека во нападот биле уништени руски крстаречки ракети „Калибр“, кои биле наменети за црноморската флота

-

Руски ракети кои биле транспортирани со воз на полуостровот Крим се уништени во експлозии, информираше Министерството за одбрана на Украина. Нападот се случил во близина на градот Џанкој, а градоначалникот инсталиран од руските сили тврди дека областа била нападната со беспилотни летала, пишува Би-би-си.

„Експлозиите го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана.

Властите во Кијив експлицитно не кажаа дека стојат зад нападот на возот со натоварени руски ракети, но информираа дека овој транспорт бил наменет за употреба на руската црноморска флота. Инаку, токму воените бродови на Русија го користат пристаништето во Севастопољ за да извршуваат ракетни напади врз Украина, кои изминативе месеци предизвикаа огромни штети врз цивилната инфраструктура на земјата и предизвикаа човечки жртви.

Проруските власти од окупираниот полуостров Крим соопштија дека едно лице било повредено како резултат на нападот со дронови, а биле запалени и неколку згради.

Како што пренесува Укринформ, главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана тврди дека во нападот биле уништени руски крстаречки ракети „Калибр“.

Инаку, токму руските ракетни напади врз Украина и во изминатово деноноќие предизвикаа нови цивилни жртви. Во Донецкиот регион како резултат на воените дејствија загинале двајца цивили, а најмалку тројца биле повредени, јавува Укринформ.

Генералштабот на украинската војска соопшти дека во изминативе 24 часа елиминирале 960 руски војници, како и 15 тенкови, пренесува Укринформ. Вкупниот број на загинати руски војници од почетокот на воената агресија врз Украина на 24 февруари лани се искачил на 166.570, соопшти украинскиот генералштаб. Ваквите податоци е невозможно во моментов да се проверат и од независни извори.

Во меѓувреме, Блумберг објави дека Унгарија ја блокирала заедничката изјава на земјите-членки на ЕУ, со која се дава поддршка за издавањето на меѓународна потерница за рускиот претседател Владимир Путин. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот министрите за правда на земјите-членки на ЕУ ја објавија нивната изјава за поддршка на Меѓународниот кривичен суд, која Унгарија не ја потпиша, пренесува Укринформ.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...