fbpx

АНАЛИЗА: За што најмногу трошеле општините во 2022 – доминираат расходите за плати

Податоците за приходите и расходите се обезбедени од Министерството за финансии, преку завршните сметки за 2022 година на локалните самоуправи

-

Голем дел од општините во 2022 година потрошиле помалку во однос на планираното, а најголем удел на расходната страна имаат платите и придонесите. И ставките за договорни услуги и привремени вработувања не се незначителни. Во второто продолжение на анализата, се опфаќаат расходите на општините за кои објавивме податоци и за приходите, пишува Порталб.мк.

Освен за плати и придонеси, милионски суми и за комунални сметки

Вкупните расходи на Општина Арачиново во 2022 година изнесувале 2 милиони евра. Најголем дел од парите – 1,3  милиони евра се за плати и придонеси и уште 16.500 евра за надоместоци. Следна поголема ставка се плаќањата за комунални сметки во износ од 142.000 евра, а слично толку се потрошени и за „други градежни објекти“.  За договорни услуги лани општината исплатила речиси 80.000 евра, додека за привремени вработувања – 52.000 евра.

Лани Општина Гостивар потрошила 18,1 милиони евра. На расходната страна највисока трошковна ставка се платите и придонесите во износ од 12,1 милиони евра. Следна најголема ставка се „други градежни објекти“ преку која се одлеале 1,3 милиони евра, додека за привремени вработувања се потрошиле 374.000 евра. За комунални сметки, греење, транспорт исплатени се скоро 1,1 милион евра. По основ на договорни услуги платени се 802.000 евра.

Вкупните расходи на Општина Дебар лани биле во износ од скоро 5,3 милиони евра. Нешто повеќе од 3,6 милиони евра се потрошиле за исплата на плати и придонеси, а за привремени вработувања 19.200 евра. Износ од 194.000 евра е исплатен за други градежни објекти додека за комунални сметки и транспорт лани оваа општина платила скоро 380.000 евра. Лани преку ставката „купување возила“ се одлеале 236.100 евра.

Општина Кичево лани потрошила нешто над 13 милиони евра. Најголем удел со 8,4 милиони евра имаат платите и придонесите, додека за надоместоци се исплатени уште 122.500 евра. Лани за комунални сметки, транспорт, греење, оваа општина платила повеќе од 1,1 милион евра. По основ на договорни услуги се одлеале 616.000 евра, а за други градежни објекти 567.000 евра. Оваа општина преку ставката „купување на возила“ потрошила 48.500 евра. Позначајна ставка во износ од 836.000 евра е „разни трансфери“.

Општина Струга лани реализирала расходи во износ од 16,8 милиони евра. Скоро 10,2 милиони евра се потрошени за плати и придонеси и уште 175.600 за надоместоци. Следна поголема ставка се други градежни објекти, за што се прикажуваат трошоци во износ од 1,8 милиони евра. Оваа општина во 2022 година за комунални сметки, греење, транспорт потрошила скоро 1,4 милиони евра, а за привремени вработувања 79.500 евра. Преку ставката „разни трансфери“ се одлеале 602.000 евра, а за договорни услуги 590.000 евра.

Вкупните буџетски расходи на Општина Тетово лани изнесувале 24,7 милиони евра. За исплата на плати и придонеси се потрошени 16,3 милиони евра и уште 294.000 евра за надоместоци. Следна позначајна ставка се „договорните услуги“, за што се исплатени 1,9 милиони евра, а за привремени вработувања 251.000 евра. Оваа општина за комунални услуги, транспорт, греење лани платила скоро 1,6 милиони евра. Преку ставката „други градежни објекти“ се одлеале 1,1 милион евра.

Општина Чаир лани реализирала расходи во износ од скоро 13,6 милиони евра. Лани за исплата на плати и придонеси се потрошиле 7,8 милиони евра и уште 129.000 евра за надоместоци. Износ од 1,5 милиони евра е потрошен за комунални услуги, греење, транспорт. За договорни услуги се потрошени скоро 1,1 милион евра, а за привремени вработувања 167.000 евра. Преку ставката „разни трансфери“ на расходната страна се одлеале 209.600 евра. Позначаен износ од 941.000 евра е исплатен за поправки и тековно одржување.

Податоците за приходите и расходите се обезбедени од Министерството за финансии, преку завршните сметки за 2022 година на локалните самоуправи.

АНАЛИЗА: Колку пари се собрале од даноци во 2022 во Арачиново, Гостивар, Тетово, Чаир, Струга, Кичево и Дебар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...