Повик за учество на млади поети на Скопски поетски фестивал

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word на мејлот [email protected] најдоцна до 10 септември

Фото: Скопски поетски фестивал

Скопскиот поетски фестивал, чиешто трето издание ќе се одржи во периодот од 24 до 28 септември и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси од домашната книжевна сцена.

„Продолжуваме со поддршката за младите поети, за почетниците, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, давајќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати. Како и минатата година, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците што ќе настапат на поетското читање „Отскочна даска #2“, а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот, односно, ќе изгласаат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на третото издание на СПФ и ќе чита заедно со другите повозрасни и етаблирани поети, соопштија од фестивалот“, наведено е во соопштението на организаторите.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word на мејлот [email protected] најдоцна до 10 септември.

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 17 септември на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 24 септември, со почеток од 20 часот. Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 27 септември.