fbpx

Порталб: Реката Пена во Тетово со години чека решение за уредување на коритото

-

Потесно корито, мноштво отпадоци и негрижа на надлежните власти се само три од многуте проблеми со кои се среќава реката Пена со години во делот на населбата „Дарданија“ во Тетово. Жителите стравуваат да не се повторат поплавите од 2015 година. За проблемот беше разговарано и за време на јавната расправа за буџетот на општината за 2022 година, додека градоначалникот рече дека се во контакт со компании кои можат да одговорат на ова прашање. Деновиве Касами ја посети населбата, пишува Порталб.мк.

Во изминатиот период мерките на општина Тетово за коритото беа само површни, така што со расчистување на реката само во средина и оставање на отпадот покрај реката, проблемот не беше решен.

Жителите на населбата Дарданија го истакнаа овој проблем во тек на расправата за општинскиот буџет за 2022 година, а се бараа решенија за регулирање на коритото.

„Со реализација на проектот за коритото на реката „Пена“ ќе се запре узурпацијата, фрлањето отпад без контрола, а пред сè ќе се спречат можните поплави“, изјави Јусуф Мустафаи, жител на населбата „Дарданија“.

Градоначалникот рече дека ќе се обиделе да обезбедат средства од општинскиот буџцет, а секторот за локален економски развој би аплицирал за надворешни фондови за финансирање на проектот.

Касами деновиве ја посетил оваа населба и како што е соопштено на неговиот Фејсбук профил, од блиску бил запознаен со проблемите со кои се соочува населбата.

„Заедно со директорот на ЈКП разговаравме за начините на спроведување на планот и за краткорочни и за долгорочни решенија. Наскоро ќе започнеме со детекција и реализација на проблемот со водоводните цевки, канализацијата и целосното чистење на отпадот“, напиша Касами на Фејсбук.

Инаку, Инспекторатот за екологија и понатаму останува бескорисен. Преку апликацијата „E-report“ граѓаните можат да го пријават несовесното однесување на физички и правни лица, кои со своите постапки ја загадуваат животната средина, но бројот наведен во апликацијата е нефункционален. Од Општината велат дека тој треба што поскоро да биде во функција за граѓаните, но без да прецизираат кога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...