Порталб: Договорите за работа на патронажните сестри ќе бидат продолжени

-

Договорите за работа на патронажните сестри од земјава ќе бидат продолжени, а во текот на наредната година ќе има огласи за трајно вработување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со медицинските сестри, пишува Порталб.мк.

Патронажни сестри, чии договори истекуваат на крајот на овој месец, поради што стравуваа дека ќе останат без работа, минатата недела во знак на протест се собраа пред Министерството за здравство за да остварат средба со министерот Филипче.

Состанокот со министерот, патронажните сестри го реализираа денеска во Министерството за здравство, за да разговараат што ќе се случи во иднина. Нивното барање беше да се донесат решенија, бидејќи веќе две години непрекинато работат со договори.

„Министерот рече дека само ќе им бидат продолжени договорите како што биле продолжувани досега. За решенија за работа зависи од Министерството за финансии, и од тоа колку од буџетот ќе се издвои за Здравствените домови, за тие да можат да објават огласи за прием на сестри, и дека нема право без конкурс да се префрлат од работа под договор на работа со решение. Ни кажа дека ќе ни биде продолжен договорот. Средбата траеше кратко, околу пет минути“, рече една од патронажните сестри за Порталб.мк.

Министерот за здравство, Венко Филипче за Порталб.мк рече дека медицинските сестри ќе добијат продолжување на договорите.

„Потоа Здравствените домови треба да аплицираат за трајно вработување, а огласите ќе ги објавиме следната година“, изјави Венко Филипче.

Инаку, во јуни 2019 година, Министерството за здравство објави јавен повик за сите медицински сестри кои се заинтересирани да работат во патронажните служби, да се пријават на конкурсот. Потребните услови беа да имаат завршено средно или високо медицинско образование со положен стручен испит. Проектот започна на 1 ноември истата година. Преку овој проект беа вработени 48 медицински сестри и 10 лекари во Скопје, 15 медицински сестри во Тетово и останатите други медицински сестри низ државата, со што вкупниот број се искачи на над 130.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...