fbpx

Поранешната сопруга го обвинува градоначалникот на Белград дека рушел во Савамала

-

Поранешната сопруга го обвини градоначалникот на Белград Синиша Мали дека организирал рушење на објект во белградското маало Савамала во април минатата година, во ноќта по одржувањето на изборите.

Марија Мали за мрежата „Крик“ изјави дека Синиша Мали и рекол дека организирал рушење на „неколку колиби“ на улицата Херцеговачка во белградската населба Савамала кои пречеле во изградба на проектот „Белград на вода“.

– Јас во тоа време бев во Црна Гора со децата. Тоа ми го кажа како да е најобично нешто. „Имав некои проблеми, некои не сака да се иселат. Организирав акција за расчистување. Дојдоа луѓе во сред ноќ. Ништо страшно не направив“. Тоа беа неговите зборови – вели Мали за „Крик“.

Марија Мали тврди дека Синиша и го кажал името на компанијата со чии багери рушел, но тој детаљ не сакала да го изнесе во јавност.

– Воопшто не се претпоставуваше дека некој може да забележи дека се рушеше. Најверојатно додека траеше изборната еуфорија, додека народот се радуваше за победата на премиерот, тој настан требаше да падне во сенка. Синиша имаше задача да го исчисти тој простор затоа што преговараше со Арапите за „Белград на вода“ – вели Мали.

Објектите во Савамала беа срушени со багери во сред ноќ после одржување на изборите на 24 и 25 април во 2016 година. Група луѓе маскирани со „фантомки“ со багери ги сруши објектите на локацијата предвидена за проектот „Белград на вода“. Граѓаните повикаа полиција и пријавија дека непознати лица ги малтретираат и дека им ги одземаат мобилните телефони, но полицијата не се одѕва на ниту еден повик.

Иницијативата „Не ви го даваме Белград“ која веќе со месеци организира протести и бара да се казнат одговорните за рушењето во Савамала денеска побара од градоначалникот Синиша Мали итно да поднесе оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на...