Поради гужва студентите чекаат ред за упис на семестар дури до дворот на Правниот факултет (галерија)

Фото: Арбнора Мемети

Во долг ред што е дури до дворот пред Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, повеќе од педесетина студенти чекаат влез во просторијата за студентски прашања каде треба да ги приложат своите документи за упис на семестар.

Инаку студентите имаа рок цел септември и до средина на октомври да запишат семестар, но како по правило, најголем дел од нив тоа го оставиле за во последен момент. Студентите своето незадоволство веќе го изразија и на социјалните мрежи каде што споделија фотографии и видеа од гужвата, барајќи дигитализација на факултетот и продолжување на рокот за упис со цел да се олесни процесот на запишување, но и останатите обврски што се поврзани со документација на студентот.

Ова не е прв случај да се направи гужва пред просториите за студентски прашања, но со пандемијата и протоколите, завршувањето на обврски е дополнително отежнато.