fbpx

Ликовни изложби во галеријата на Куќата на Робевци

-

Во вторник, 29 мај, НУ Завод и Музеј од Охрид ја отвора сезоната на постојани ликовни изложби, во атрактивниот галериски простор – Куќата на Робевци.

Првата изложба ќе биде на кинески уметник, чие име, како што велат, заради ексклузивност, ќе биде соопштено непосредно пред отворањето.

– Ова лето ќе имаме интересни изложби, нема да станува збор само за класични изложби на слики, туку ќе има исто така изложба на минијатури, изложба на накит, ќе имаме едно многу познато име во македонската ликовна уметност, Стефан Хаџи-Николов, кој никого не остава рамнодушен со неговите слики – актови. Ќе има изложба на сликар од Кина, а таа ќе биде наскоро. Името на уметникот ќе го зачуваме малку во тајност и ќе го објавиме непосредно пред неговата изложба. Ќе има шареноликост во поглед на стилот на уметниците, техниките и слично – најавува Никола Николоски, кустос и историчар на уметност.

На 26 јуни, изложба ќе има младата охриѓанка Елисавета Мартинова, која ќе се претстави со рачно изработен накит.

На 10 јули изложба на слики ќе има Тони Попов од Скопје, кој живее и работи во Охрид.

На 24 јули е закажана изложбата на Стефан Хаџи-Николов, додека на 7 август пред охридската публика ќе се претстави Владимир Паќиќ – Пајо од Белград.

Летната сезона со изложби во галеријата на Куќата на Робевци ќе биде заокружена со изложбата на Војан Константиновиќ од Лесковац, која ќе биде поставена на 21 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...