fbpx

Почина голманот на црногорската репрезентација, Матија Шаркиќ

Шаркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот против Белгија

-

Црногорскиот фудбалер и голман на државната репрезентација, Матија Шаркиќ, починал утрово околу 6 часот и 30 минути во Будва, објави РТЦГ.

Веста за ненадејната смрт на 26-годишниот фудбалер ја потврдија и Фудбалската федерација на Црна Гора, како и клубот Милвол, во чиј тим Шариќ се придружи минатото лето.

Спореди информациите, тој почувствувал непријатност во својот стан во Будва, по што пријателите повикале брза помош, но тој во меѓувреме починал. Полицијата е на терен и ги истражува околностите, иако се претпоставува дека се работи за природна смрт.

Шаркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот против Белгија.

Роден е во англискиот град Гримсби. Фудбалската кариера ја започна во подмладокот на Андерлехт, по што замина во Астон Вила. Играше и во дресовите на Бирмингем и Вулверхемптон.

Во дресот на црногорската репрезентација настапи на девет натпревари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци не се во функција

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева...