Почина актерот Вилијам Херт, ѕвездата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“

Вилијам Херт додека потпишува автограми на меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2005 година | Фото: GabboT, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс

Вчера, во својата 71-ва година, на само една недела пред својот 72-ри роденден почина легендарниот филмски актер Вилијам Херт.

„Имаше мирна смрт, од природни причини и во последните моменти беше со своето семејство“, вели неговиот син, Вил, пренесе Варајети.

Херт се најде на врвот на листата најдобри актери во осумдесетите години на минатиот век. По снимањето на филмовите „Топлина на телото“, „Деца на помалиот Бог“ и „Големото студенило“ тој во 1986 година доби Оскар како и БАФТА награда за најдобра машка главна улога за филмот „Бакнеж на жената-пајак“ каде глумеше геј затвореник во Јужна Америка. Покрај наградата, за време на својата кариера тој беше три пати номиниран за Оскар, имаше две номинации за Еми наградите и шест номинации на Златните Глобуси.

Помладата генерација го запозна преку филмовите „Неверојатниот халк“, „Капетан Америка: Граѓанска војна“, „Одмаздници: Бесконечна војна“ и последната улога во филмот „Црна вдовица“ минатата година.