Пет либански здравствени работници убиени во израелски воздушен напад

Најмалку 115 здравствени работници се убиени во Либан од почетокот на последната фаза на израелската офанзива во државата, која започна пред неполн месец

-

Вчера биле убиени пет здравствени работници во јужен Либан во израелски воздушен напад, пренесува Би-би-си.

Либанските граѓански заштитни сили соопштија дека здравствените работници биле во црква, која функционирала како импровизиран ургентен центар, кога таа била нападната од израелските одбранбени сили (ИДФ). Најмалку пет луѓе се убиени, но можно и да има повеќе жртви, затрупани под рушевините.

Најмалку 115 здравствени работници се убиени во Либан од почетокот на последната фаза на израелската офанзива во државата, која започна пред неполн месец.

Израел вели дека напаѓа само воени цели и дека нападот бил извршен во област каде граѓаните биле предупредени да се евакуираат. Обединетите нации (ОН) сметаат дека најмалку четвртина од населението во Либан добило наредби за евакуација.

Владата на Либан апелираше меѓународната заедница подиректно да се вклучи во спречувањето на вакви напади, за кои либанската влада смета дека ги прекршуваат законите на војната.

Израел вели дека убиле двајца високорангирани членови од военото крило на Хезболах, за кои Израел тврди дека стоеле зад „стотици“ напади кон Израел. Хезболах нема коментирано на убиствата, а Би-би-си не може независно да потврди дали лицата биле убиени и која им била точната улога во Хезболах.

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против...