Пентагон: Северна Македонија и Грција да го остават спорот надвор од НАТО

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд зборуваше за геополитичката состојба на регионот во интервју со Гласот на Америка на македонски, потенцирајќи дека силно го поддржува Преспанскиот договор

-

САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор и се надеваат дека билатералните спорови меѓу Северна Македонија и Грција ќе останат надвор од НАТО, изјави главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд во интервју за Гласот на Америка.

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигури дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, изјави Бјуланд.

Бјуланд ги охрабри и другите држави на Западен Балкан да ги направат потребните реформи за да отпочнат евроинтеграциските процеси. Но, тој потенцираше дека долгиот процес на станување на земја-членка на Европската Унија може да предизвика незадоволство кај народот, што пак потоа може да биде експлоатирано од Русија и други актери.

На прашањата во врска со (не)користењето на уставното име од страна на новоизбраните претседателка и премиер на државата, Бјуланд ги упати Гласот на Америка да се обратат на Стејт департментот за поконкретни одговори.

„Изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки“, рекла прес-службата на Стејт департментот на прашањата на Гласот на Америка.

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е 'гледај за да заработиш', со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери...