fbpx

Пендаровски: Да се расветли случајот М-НАВ, станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во авионскиот сообраќај

Денеска на владина седница треба да се решава за разрешувањето на раководството на Македонска навигација и барањето за целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Ако нема разрешување, Синдикатот од утре најави затворање на македонското небо

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор, информираат од претседателскиот кабинет.

На средбата претседателот Пендаровски ги поддржал заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, којашто е дел од критичната инфраструктура во државата.

„Во оваа насока, претседателот Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Претседателот го реафирмирал ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

Во меѓувреме, за М-НАВ се огласи и Судскиот совет, по бурата реакции откако обвинителството побара притвор за инволвираните во упадот во М-НАВ, каде беа нападнати вработени, а меѓу осомничените е и Беким Незири, член на ДУИ кој во минатото беше на високи позиции во Македонија. Од Судскиот совет се оградуваат и велат дека судиите се независни во постапувањето и одлучувањето.

„Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ, Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите“, велат од Судски совет.

Денеска на владина седница треба да се решава за разрешувањето на раководството на Македонска навигација и барањето за целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Ако нема разрешување, Синдикатот од утре најави затворање на македонското небо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...