Педесетгодишен Штипјанец физички ја нападнал сопругата

Неговата 46 годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал вчера околу 23.35 часот во семејниот дом

-

Вчера во 23.40 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Л.В. (51), по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга, дека околу 23.35 часот во семејниот дом физички ја нападнал, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, додаваат оттаму.
СВР Штип, исто така, поднел кривична пријава против А.М.(53) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
„На 30 јули пријавениот на својата поранешна вонбрачна сопруга ѝ упатил навреди и закани“, информира МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата...