Вчера во 23.40 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Л.В. (51), по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга, дека околу 23.35 часот во семејниот дом физички ја нападнал, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, додаваат оттаму.
СВР Штип, исто така, поднел кривична пријава против А.М.(53) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
„На 30 јули пријавениот на својата поранешна вонбрачна сопруга ѝ упатил навреди и закани“, информира МВР.