14 загинати и 43 ранети во израелски воздушен напад врз Сирија

Нападот во Сирија наводно бил насочен кон неколку локации во близина на градовите Хомс, Хама и Тартус

-

Во серија израелски напади биле погодени повеќе области во централна Сирија, пренесува „Гардијан“. Сириските државни медиуми утрово објавија дека во израелските напади во текот на ноќта загинале најмалку 14 лица во централната провинција Хама.

„Бројот на жртви како резултат на израелската агресија на голем број локации во околината на Масјаф се искачи на 14 жртви и 43 ранети, од кои шест се во критична состојба“, објави официјалната новинска агенција „Сана“, повикувајќи се на медицински извори.

Нападот во Сирија наводно бил насочен кон неколку локации во близина на градовите Хомс, Хама и Тартус.

Филмскиот фестивал „Киненова“ започнува со првиот долгометражен филм во земјава

Свеченото отворање на годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм, информираат организаторите. „Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме...