Триесет и седумгодишнен скопјанец вчера попладне, околу 13.30 часот, тешко се повредил при пад од паралаглајдер кај местото Три шилки, во близина на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, информира МВР.

Според полициските информации, кај Д.Џ. била констатирана скршеница на клучната коска.

По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, тој бил префрлен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.