fbpx

Отворена изложбата „Деветтата димензија” на македонскиот стрип

-

Изложбата „Деветтата димензија“ што ја претставува македонската стрип-сцена е отворена во холот и со поддршка на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.

Изложбата во организација на издавачката куќа „Стрип квадрат“ ќе биде отворена до 20 април 2015 година.

Со стрип-табли и со албуми се претставени: Диме Иванов-Димано, Александар Станковски, Горан Дачев, Александар Сотировски, Зоран Танев, Игор Јовчевски, Никола Темков, Атанас Ботев, Марјан Камиловски, Дарко Богданов, Златко Крстевски, Смиле Цветановски, Тони Анастасовски, Здравко Гиров, Филип Трајковски, Михајло Димитриевски, Иванка Апостолова, Матеј Богдановски, Милан Милиќ и Весна Ничевска.

На постановката се изложени и цртежи на Тино Сотировски, а посетителите може  да се потсетат на уникатните „Макстрип“ изданија кои Библиотеката ги има сочувано во своите фондoви, како и промотивниот стрип-магазин „Синдром“ и други објави кои говорат за овој тип издаваштво.

Покрај тоа може да се видат и изданија на Горан Дачев, Александар Станковски,  Дарко Богданов, Фацизам, Визант, Стрип Квадрат, Иванка Апостолова со книгата „Personal futurism/Public politics“ што ја подготви со повеќемина регионални автори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...