Организаторите на Олимписките игри се извинија за недоразбирањата околу „Тајната вечера“

На една страна се оние кои што критикуваат дека станува збор за „Тајната Вечера“ и е директен напад кон христијаните, а од друга страна се тие што велат дека станува збор за нешто сосема друго, односно вечера со Дионис и останатите богови

-

Организаторите на Олимпијадата во Париз се извинија за настапот кој што се случи за време на церемонијата на отворање на игрите во петокот, на кој се чини дека беше прикажано пресликување на „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Настапот доби голем број на критики од фановите.

Настапот вклучуваше жена со круна слична на ореол, голем број на драг кралици и ЛГБТ икони, и човек намачкан во сина боја, облечен во наметка од овошје, кој треба да го означува Дионис, грчкиот бог на плодноста, виното и веселбата.

Голем број на црковни луѓе и некои конзервативни политичари ја осудија претставата како изопачување на сцената раскажана во Библијата во пресрет на судењето и распнувањето на Исус.

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон ја нарече изведбата „исмејување навредливо за христијаните ширум светот“. Американската телекомуникациска компанија, C Spire, соопшти дека го повлекува своето рекламирање од Летните олимписки игри. Француската конференција на католичките бискупи исто така се спротивстави.

„Јасно е дека никогаш немало намера да се покаже непочитување кон која било религиозна група. Ако луѓето се навредиле, ние, се разбира, навистина се извинуваме во името на Олимписките игри“, се извинија организаторите на игрите.

Во петокот, кратко по настапот, Олимпијадата објави фотографии од синиот човек на X (поранешен Твитер). „Интерпретацијата на грчкиот бог Дионис нè прави свесни за апсурдноста на насилството меѓу луѓето“, се вели во објавата.

Социјалните мрежи моментално се целосно поделени на различни мислења и на две различни страни. На една страна се оние кои што критикуваат дека станува збор за „Тајната Вечера“ и е директен напад кон христијаните, а од друга страна се тие што велат дека станува збор за нешто сосема друго, односно вечера со Дионис и останатите богови.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...