fbpx

Општината загрижена за намалениот водостој на Охридското езеро

-

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на барање на локалната самоуправа ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата Билјанини извори и ја пренасочи во каналот Студечишта за да се спаси плашицата од помор. После апелите од екологистите и објавите во медиумите и од општината апелираат до надлежните итно да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот со моменталниот водостој на Охридското езеро.

Нивото на езерото кое е на минимална дозволена кота ја загрижи локалната самоуправа. Во делот кај Студенчишкиот канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското езеро, рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород. Од Општина Охрид испратија барање до Министерството за транспорт и врски да преземат соодветни мерки, со кои превентивно би се избегнале поголеми еколошки проблеми.

„Како општина, апелираме до надлежните институции и ја апострофираме сериозноста на проблемот со моменталниот водостој на Охридското езеро, особено на делот на каналот Студенчишта. Проблемот ескалира веќе одреден период наназад, што резултираше со намален водостој во езерото и каналот, што може да има сериозни последици врз рибниот фонд“, велат од општината.

За да се надмине оваа состојба, општината побарала од ЈП „Водовод и канализација“ да се исклучат пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата Билјанини Извори и истата да се пренасочи во каналот Студечишта за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислород.

Од Општината стравуваат од натамошно намалување на водостојот со оглед на тоа што временската прогнозата за наредниот период не најавува врнежи од дожд.

Претходно, еколозите побараа ЕЛЕМ да прекине со испуштање на вода од езерото и потенцираа дека нема вода во Билјанини Извори, а од пумпите на ЈП „Водовод“ нема дотур на свежа вода во каналот, што може да доведе до несакани последици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата -...