ОЈО побарало продолжување на притворот на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побарало од Кривичниот суд да им ја продолжи мерката притвор на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје предлог за продолжување на изречената мерка притвор за лицата осомничени во предметот за кој прашувате“, се вели во одговорот од Обвинителството на прашањето на „Мета“ дали ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара или веќе побарало продолжување на марките притвор и куќен притвор што им беа одредени на осомничените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинителството на 28 ноември соопшти дека отворило истрага против 36 лица за насилствата во Собранието, кои ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Според официјалните соопштенија на судот, на барање на обвинителството притвор им беше одреден на 28 осомничени, а четворица добија куќен притвор. За четворица од вкупниот број на осомничени нема официјални податоци.

Меѓу притворените се и поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Игор Дурловски и Борис Дамовски, како и актерот Владо Јовановски на кои притворот им истекува на 28 декември.

Инаку на 28 декември им истекува притворот на 19 осомничени, на 29 декември на двајца, а на 30 декември на едно лице.

На шестмината пратеници во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски – кои добија притвор и Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски – на кои судот им одреди домашен притвор, мерките им истекуваат на 5 јануари, бидејќи за нив судот одлучуваше подоцна оти се чекаше од Собранието да им го одземе пратеничкиот имунитет.

Кривичниот суд најдоцна од овие датуми, односно до истекот на првичната мерка треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на притворите.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...