fbpx

Охрид: Советниците усвоија нови локации за изградба на хотели на крајбрежјето

-

Советот на Општина Охрид на последната седница усвои шест нови локации за изградба на хотели, како дел од урбанистичкиот план за туристичкиот комплекс „Горица – Св.Стефан – Метропол“.

– Се работи за урбанистички план надвор од населено место, на потегот од „Свети Стефан“ до тунелот кон „Метропол“. Урбанистичките планови надвор од населено место исклучиво може да имаат намена за хотелски комплекси, хотели, старечки домови, мотели и викенд-куќи. Покрај постојните хотели, на овој потег е предвидена и изградба на нови хотели. Во однос на постојните хотели, тие можат да си вршат доградба и надградба – изјави Бранко Арнаудов, заменик-раководител на секторот за урбанизам при Општина Охрид.

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, рече дека градењето на хотелски и угостителско-туристички комплекси е приоритет на Општината во делот на урбанизмот.

– Ваквите објекти ќе овозможат локален економски пораст и развој, брз развој на туризмот и креирање нови работни места – истакна Бакрачески.

На овој потег се наоѓа и поранешната детска болница, која долги години беше напуштена и руинирана, а е сместена на самиот езерски брег, сред огромно пространство од зеленило. Пред нецел месец, болницата ја купи скопска трговска фирма, со најголема мрежа на продажни центри во земјата и веројатно во моментов најголем приватен инвеститор. Само во Охрид, на просторот на поранешниот текстилен гигант „Отекс“, се гради современ комплекс за продажни, хотелски и други услуги вреден десетина милиони евра. Детската болница, исто така, ќе биде преуредена и доградена во најсовремен хотелски комплекс.

Советниците го усвоија и деталниот урбанистички план за дел од областа Чекоштина, на влезот во Охрид, на левата страна откај Кичево. Таму е предвидена изградба на семејни куќи, станбени згради, комерцијални и угостителски објекти. Во непосредна близина е лоцирана и новата индустриско-развојна зона во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...