fbpx

Охрид: Промоција на „Толковен речник на македонскиот јазик“

-

Во Охрид продолжува со работа летната македонистичка школа – Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Денешниот семинарски ден почна со предвање на професор доктор Људмил Спасов на тема „70 години македонска азбука и македонски правопис“, а учесниците беа дел и од лекторските вежби.

Покрај тоа, денеска главен настан е промоцијата на капиталното издание „Толковен речник на македонскиот јазик“, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, со излагања на проф. д-р Даринка Гортан-Премк и проф. д-р Димитар Пандев.

За учесниците на семинарот попладнево ќе се одржат и курсеви по граматички категории на македонскиот јазик, што ќе ги води проф. д-р Станислава Сташа Тофоска–Јаневска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како и курсот по македонска литература и култура, што ќе го води проф. д-р Венко Андоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Во рамките на летната школа, покрај редовната лекторска настава преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на македонскиот јазик, од годинава почнува напреден курс за преведување.
Покрај лекторската настава, секој ден се предвидуваат и предавања од 25 универзитетски професори од областа на јазикот, литературата, културата и историјата. Покрај тоа, според интересот на учесниците, секојдневно се одржуваат и два тематски курсеви: граматичките категории на македонскиот јазик и македонска литература и култура.

Во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, на 27 и на 28 јуни ќе се одржи и 42. Меѓународна научна конференција. Темата на лингвистичката секција оваа година е „Македонската азбука и македонскиот правопис 1945 – 2015“, а е посветена на 70-годишнината од кодифицирање на азбуката и на правописот на современиот македонски јазик. Темата на литературната секција е „Македонската литература и култура во европски контекст“. Во рамките на конференцијата, покрај учесниците од нашата земја, предвидено е учество на 20 странски лингвисти.

– Одржувањето на 48. летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во суштина е продолжување на она што е зацртано и од минатата година. Настанува еден период на зрелост на оваа школа, кога требаше да дојде нужно, во смисла на една поинаква структура на семинарот, како изборот на учесниците и конструкцијата на самата програма – на семинарот да му се приоѓа како на своевиден универзитет на македонистика – вели директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Славица Велева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...