fbpx

Обвинителството отвори постапка против две деца кои брутално претепале 18-годишник

-

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против две 14-годишни деца кои во неделата претепале 18-годишно момче на улицата Битпазарска, во близина на кафе-барот „Стоп“.

Како што соопшти денеска обвинителството, децата со умисла го нападнле момчето, го удирале со тупаници по главата и во градниот кош. Кај него се констатирани тешки телесни повреди, односно контузии на главата со повреди на мозокот, крварење и наполнети бели дробови со течност и е во животна опасност.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка против децата во судир со законот од 14 до 16 години до судијата за деца при Основниот суд Скопје 1, поради основано сомнение дека сториле дејство што со закон е предвидено како кривично дело – тешка телесна повреда од член 131, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Извршено е испитување на сторителите од судија за деца, издадени се наредби за вештачење траги пронајдени и фиксирани на местото на настанот и одземени се предмети кои можат да придонесат во понатамошната постапка“, стои во соопштението од обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител од судот побарал на децата да им биде одреден притвор. Сепак, судијата го одбил барањето и им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и забрана за напуштање на местото на живеење.

„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје интензивно ќе продолжи со преземање на дејства во насока на расветлување на настанот“, додаваат од јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...