fbpx

Обвинителството на Ковеши во Бугарија истражува криминал „тежок“ безмалку 500 милиони евра

-

Европското обвинителство води 143 истраги во Бугарија, за вкупно нанесени штети од 492 милиони евра, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Фрапантната бројка е дел од извештајот на институцијата за работата на ова обвинителство од неговото создавање до 2021 година досега. Вкупно 16 од истрагите што ги вршат европските обвинители во Бугарија се за корупција.

Досега по барање на Обвинителството водено од Романката Лаура Ковеши се блокирани 6,5 милиони евра, а 25 обвиненија се внесени во суд.

Од вкупно 143 почнати, во тек, или завршени истраги, најголемиот број – 94 се за европски фондови доделувани без договори за јавна набавка. Потоа следуваат криминални злоупотреби на постапкитее за јавни набавки, со 45 такви случаи.

„Најзафатен“ сектор е земјоделието, со 42 случаја, а потоа уследува регионалниот развој, со 25 истраги за потенцијални кривични дела поврзани со европските пари.

Досега Европското обвинителство (ЕО) дошло до една осудителна пресуда во Бугарија, и тоа на основа на постигната спогодба со поранешен службеник на Државен фонд „Земјоделие“, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Пред два дена ЕО ја изврши својата досега најголема акција во Бугарија, којашто опфати компании поврзани со енергетскиот магнат Христо Ковачки.

Случаите во Бугарија сочинуваат вкупно 0,09 отсто од вкупниот број дела што ги работи ЕО во 22 земји-членки на ЕУ. Во исто толку земји, работат вкупно 114 обвинители на ЕУ, кои често се државјани на земјата во којашто работат.

Изворmediapool.bg

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски денеска до Собранието ќе го достави предлогот за новата влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада, Христијан Мицкоски, попладнево во 13:30 часот во Собранието ќе го достави предлог составот за новата влада. „Денеска 18.06.2024 година во 13:30 часот...