Објавени се списоците со примени студенти во студентските домови, МОН ги отстрани од веб-страницата

Само неколку часа откако ги објави, МОН целосно ги отстрани резултатите од својата интернет страница од засега непознати причини. Вселувањето во домовите почнува од утре

Студентски дом „Стив Наумов“, нови бараки / фото: Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е до 15 септември.

Само неколку часа откако ги објави, МОН целосно ги отстрани резултатите од својата интернет страница од засега непознати причини. Сајтот на министерството во текот на целиот ден, додека резултатите беа достапни, функционираше отежнато, а пристапот до страницата на моменти беше оневозможен.

Во меѓувреме, вселувањето во домовите започнува утре и ќе трае во наредните десет дена. Според информации од Државниот студентски дом – Скопје (ДСД Скопје), студентите треба да се вселат лично, а доколку не се во можност да го направат тоа, може да ги всели член на семејството.

Оние студенти што не се задоволни од резултатите може да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, најдоцна пет дена од денот на објава на резулатите.

Новинската агенција Мета.мк ги објавува резултатите со примени студенти во државните и приватните студентски домови.

„Гоце Делчев“ – Скопје

„Пелагонија“ – Скопје

„Стив Наумов“ – Трета зграда – Скопје

„Стив Наумов“ – Нови бараки – Скопје

„Томе Стефановски – Сениќ“ – Скопје

„Хилјадников“ – Штип

„Логос“ – Штип

„Браќа Миладиновци“ – Штип

„Никола Карев“ – Охрид

„Кочо Рацин“ – Битола

„Орде Чопела“ – Прилеп

3 Коментари

Comments are closed.