Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година

Извор: КСП Јадро

КСП Центар – Јадро објави конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2023 година, информираат од КСП Центар – Јадро.

Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањето на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на институцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

„Тематски конкурсот е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро“, стои во објавениот конкурс.

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во земјава. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари.

Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 10 до 20 септември 2023 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 5 септември 2023 г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).